3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Барса против Атлетико во четвртфиналето

ЛШ: Барса против Атлетико во четвртфиналето

cetvrt finale ls 002

Пресметката меѓу водечките две екипи во првенството на Шпанија, Барселона и Атлетико Мадрид, е дуелот кој ќе привлече најмногу внимание во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Извлекувањето на четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите ги спои Барселона и Атлетико Мадрид, кои сезонава ги одиграа двата натпревара во шпанското првенство, на кои Барса двапати славеше со идентичен резултат 2:1.

Второто дерби во оваа фаза ќе го одиграат ПСЖ и Манчестер Сити, додека Баерн Минхен и Реал имаа среќа при извлекувањето, бидејќи ќе бидат фаворити во дуелите со Волфсбург, односно Бенфика.

Волфсбург-Реал Мадрид

Баерн Минхен-Бенфика

Барселона-Атлетико Мадрид

ПСЖ-Манчестер Сити

Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 5-ти и 6-ти април, а реваншите се една недела подоцна, на 12-ти и 13-ти април.

Инаку на ждрепката, која во петокот се одржа во Нион, имаше три екипи од Шпанија (Барселона, Атлетико и Реал Мадрид), две од Германија (Баерн Минхен и Волфсбург) и по една од Португалија, Франција и Англија (Бенфика, ПСЖ, Манчестер Сити).

Дебитанти во ова друштво се Волфсбург и Манчестер Сити. Остантите, со исклучок на Бенфика, и минатата година играа во четвртфиналето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП