17 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлаба го продолжи договорот со Баерн

Алаба го продолжи договорот со Баерн

alaba555

Фудбалерот на Баерн Минхен, Давид Алаба, во петокот го продолжил договорот со клубот, според кој во Минхен ќе остане до 2021 година.

Австрискиот репрезентативец има 23 години, ја минал младинската школа на баварскиот клуб, а дел од првиот тим е од 2010 година, со исклучок на 2011 година кога како позајмен играч настапувал за Хофенхајм. За Баерн, Алаба има одиграно 127 натпревари на кои постигнал девет голови.

„Горд сум што ќе продолжам да играм за мојот клуб. Пораснав во Баерн, тука доживеав неверојатни моменти“, рекол Алаба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП