17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома одбила 26 млн фунти за Манолас

Рома одбила 26 млн фунти за Манолас

manolas-kostas

Рома ја одбила понудата на Челзи „тешка“ 26 милиони фунти за трансфер на грчкиот дефанзивец Костас Манолас, пренесува лондонски The Sun.

Костас Манолас во Рим пристигна пред две години од Олимпијакос за сума од 15 милиони евра. За две години стана незаменлив во дефанзивната линија на римскиот клуб.

Рома, иако ја одби првата понуда на Челзи, не ја исклучува можноста Манолас да биде продаден, но за сума која нема да биде помала од 35 милиони фунти.

Наводно Манолас бил една од желбите на Антонио Конте, кој во завршувањето на ЕП во Франција, ќе стане нов менаџер на Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП