28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАршавин се сели во Казахстан

Аршавин се сели во Казахстан

arsavin 000

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Русија и играч на Арсенал и Зенит, Андреј Аршавин (34), кариерата ќе ја продолжи во Каират од Казахстан.

Каират на својата интернет страница објави дека клубот со Аршавин договорил едногодишна соработка, со можност таа да биде продолжена за уште една година.

Сезоната Аршавин ја започна во дресот на Кубан од Краснодар, а на 1. февруари тој спогодбено се раздели од клубот. По заминувањето од Краснодар, дел од македонските медиуми шпекулираа дека е можно тој кариерата да ја продолжи во Вардар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП