26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Нова домашна победа на Сан Антонио

НБА: Нова домашна победа на Сан Антонио

1024x1024

Теренот на Сан Антонио е неосвоива тврдина за противниците оваа сезона во НБА лигата. Спарси против Портланд ја запишаа 34-та победа на домашен терен од почеток на сезона и заедно со Голден Стејт се тимовите кои немаат пораз на домашен терен.

Спарси, во ноќта помеѓу четвртокот и петокот, го совладаа Портланд 118:110. Доколку Сан Антонио победи на сите 12 натпревари до крајот на сезоната тогаш ќе го израмни рекордот на Чикаго 72-10 од сезоната 1995/1996. Овој рекорд можат да го надминат шампионите од тимот на Голден Стејт, кои имаа скор 61-6.

До победата над Портланд, Спарси го предводеше двоецот Ламаркус Олдриџ-Каваи Ленард со по 22 поени. Мечот на сезоната го одигра Тони Паркер кој имаше двоен ефект од 18 поени и 16 асистенции.

На спортивната страна Си Џеј Мекалум постигна 23, а Демијан Лилард 23 поени.

Резултати: Индијана-Торонто 94:101, Филаделфија-Вашингтон 94:99, Мајами-Шарлот 106:109, Атланта-Денвер 116:98, Чикаго-Бруклин 118:102, Милвоки-Мемфис 96:86, Сан Антонио-Портланд 118:110.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП