5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРепрезентативците ќе потпишат кодекс на однесување

Репрезентативците ќе потпишат кодекс на однесување

кодекс

Фубалските репрезентативци, пред контролниот натпревар со Словенија, ќе потпишат кодекс на однесување во националниот тим, кој е подготвен од правниот тим на Фудбалската федерација на Македонија.

Кодексот, кој ќе го регулира однесувањето на фудбалерите додека се наоѓаат во националниот тим, е донесен поради нарушувања на дисциплината во минатото, а последен таков случај беше со Адис Јаховиќ, кога овој играч и беше отстранет од репрезентацијата.

„Кодексот е подготвен и сите репрезентативци ќе го потпишат пред натпреварот. Тоа значи дека во иднина ќе се однесуваат според кодексот и доколку направат прекршок ќе бидат соодветно казнети. Нашата правна служба го подготви и сметам дека ќе биде реализиран пред мечот со Словенија“, рече директорот на А репрезентацијата, Саша Ќириќ.

„Имаше дисциплинска мерка против Јаховиќ, јас разговарав со него, без да навлегувам кој е бил виновен во тој случај. Ние не сме фудбалска велесила за да можеме лесно да се откажеме од некој играч. Мислам дека Јаховиќ има квалитет да ѝ помогне на оваа репрезентација, нормално сево ова да биде според кодексот на однесување и според моите барања. Јас нема да имам никаков попуст кон никого“, дополни селекторот Игор Ангеловски.

Македонската репрезентација на 23 и 29 март ќе одигра контролни натпревари со Слобвенија (Копер) и Бугарија (Скопје).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП