18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнгловски ги врати Пандев и Јаховиќ во националниот тим

Англовски ги врати Пандев и Јаховиќ во националниот тим

pan

Игор Ангеловски, селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот го објави списокот на играчи кои ги повика за контролните натпревари со Словенија, во Копер на 23.март и со Бугарија во Скопје на 29. март.

По долга пауза во националниот тим се врати Горан Пандев, кој последниот месец игра во добра форма за Џенова, исто така, во тимот се враќаат напаѓачите Адис Јаховиќ и Јохан Костовски, голманот Мартин Богатинов, и играчот од средниот ред Арменд Алими, кој е еден од четворицата играчи кои настапуваат во домашното првенство, а кои се најдоа на сиписокот на селекторот.

„Имав проблеми со голманите и дефанзивците, Митов-Нилсон е повреден, затоа го повикав Богатинов кој брани во добра форма, проблем е повредата на Мојсов и поради тоа не е повикан, како и нестандарноста во клубовите на играчите кои беа повикани на претходните две средби. Од списокот се гледа дека инсистирам на она што го најавив, дека ќе играат само оние кои се стандардни во тимовите. Исклучок е Трајковски, тој има помала минутажа во Палермо, но таму често ги менуваат тренерите, а тој заслужува да игра, мислам дека треба да биде предводник на оваа репрезентација. Бесарт Ибраими е во добра форма, но не е повикан бидејќи конкуренцијата во нападот е голема“, рече на прес конференцијата Игор Ангеловски.

Македонскиот селектор најави дека списокот не планира да го шири, според него бројката од 18 играчи е доволна, а поширока база од 23-ца или 24-ца играчи ќе биде дополнета со играчи од младата репрезентација, бидејќи, како што рече, „со своите игри тоа го заслужија“.

Ангеловски одговори и на новинарско прашање поврзано со Дејан Трајковски, напаѓачот на Домжале, околу кого деновиве се „крена прашина“, во дел од домашните медиуми.

„Македонија за никого нема да биде резервна опција, додека јас сум селектор ќе барам од играчите да играат со желба и срце за Макеоднија. Едноставно Македонија мора да биде првата опција. Планирам за секого да ги отворам вратите на националниот тим. Не планирам нашиот дрес да биде резервен за некого, поради тоа Дејан Трајковски не е повикан. Јас му посакувам кога ќе добие повик од Словенија да го прифати“, порача селекторот.

Првиот собир на репрезентативците Ангеловски го закажа в понеделник, во Поротрож, во вторник се предвидени два тренинга, а мечот со Словенија е в среда.

Списокот на репрезентативци:

Голмани: Димитриевски (Гранада, Шпанија), Богатинов (Етникос, Кипар)

Одбрана: Жута (Ријека, Хрватска), Ристовски (Ријека, Хрватска), Шиков (Австрија Виена, Австрија), Ристевски (Вашаш, Унгарија), Силјановски (Работнички), Цикарски (Работнички)

Среден ред: Алими (Шкендија), Глигоров (Вардар), Агим Ибраими (Марибор, Словенија), Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Стјепановиќ (АЕЛ Лимасол, Кипар)

Напад: (Пандев (Џенова, Италија), Јаховиќ (Крилја Совкетов, Русија), Несторовски (Интер Запрешиќ, Хрватска), Костовски (Леувен, Белгија), Трајковски (Палермо, Италија).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП