18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар испушти победа во Плок

Вардар испушти победа во Плок

vardaros11

Ракометарите на Вардар одиграа 30:30 (14:16), во Плок, во првиот осминафинален натпревар, во Лигата на шампионите, против Висла.

Вардар направи голем исчекор кон пласман меѓу најдобрите осум во Европа, но „црвено црните“ ќе жалат што испуштија победа во Плок. Играчите на Раул Гонзалес, на нешто повеќе од шест минути до крајот на мечот имаа предност од четири гола 30:26, но падот на концентрацијата во самиот финиш и овозможи на Висла да стигне до реми.

Вардар, кој во Плок играше без класичен лев бек, имаше контрола врз играта во поголемиот дел од натпреварот, иако Висла во 17.минута стигна до 11:8, а во 24.минута до 15:11. Сепак во финишот одбраната и Штербик отворија неколку лесни контри и на полувреме полскиот тим имаше два гола предност 16:14.

Добриот ритам од финишот на првиот дел, Вардар го задржа и во вториот, во 38.минута „црвено црните“ имаа два гола предност 20:18, а во 45.минута стигнаа до 25:21.

Сепак до крајот на мечот Висла успеа да се извлече од пораз, со голот на Трабокија во последната секунда Висла израмни, откако претходно Манасков не реализраше седмерец.

Карачиќ со шест, Циндриќ со пет, Дибиров со четири гола и Штербик го предводеа Вардар.

Реваншот, по кој ќе биде познат патникот во четвртфиналето, ќе се одигра во Скопје на 26.март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП