30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi го пушти првиот модел со новиот quattro систем (фото+видео)

Audi го пушти првиот модел со новиот quattro систем (фото+видео)

nov kvatro 00

„Audi“ започна да прима нарачки за новиот караван „A4 Allroad quattro“ што е првиот модел на марката, опремен со новиот систем за погон на четири тркала. Кај неа механичкиот диференцијал „Torsen“ е заменет со повеќе дискови и спојка со електронска контрола, производство на фирмата „Magna“.

nov kvatro 01

Новата технологија го носи името „quattro ultra“, а таа тежи за 4 килограми помалку од претходната верзија. Повеќето дискови на спојката, при што количеството на дисковите зависи од моќноста на моторот, е вградена во менувач и во зависност од условите на патот се вклучува или заклучува вратилото.

nov kvatro 02

Засега моделот „Audi A4 Allroad quattro“ излегува на пазарот само со 3.0-литарски дизел „TDI V6“ во две варијанти на моќност со 218 и 272 КС. Подоцна ќе излезат верзиите 2.0-литарски „TDI“ и 2.0 –литарски „TFSI“. Интересно е дека технологијата „quattro ultra“ ќе се нуди само на моделите со 2,0-литарски бензински мотор, додека дизелите се опремени со стандардниот „quattro“.

Цените на караванот во Германија стартуваат од 44.075 евра. Од стандардниот „Audi A4“ тој се разликува по зголемениот за 34 мм клиренс, пластичните осигурувачи на каросеријата и модернизраната шасија со дополнителен режим „off-road“. Во опремата на моделот влегуваат 7-степен автоматски менувач „S tronic“, ксенонски фарови, шинии на покривот и 17-инчни алуминиумски тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП