2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФојц победи во спуст, Фил го освои Кристалниот глобус

Фојц победи во спуст, Фил го освои Кристалниот глобус

fojc445

Швајцарецот Беат Фојц победи на последиот спуст во сезоната, кој се одржа во Сент Мориц. Покрај Фојц, славеше и Италијанецот Петер Фил, кој го освои малиот Кристален глобус, како вкупен победник во спуст оваа сезона.

Фојц до триумфот стигна со време од 1:40.44 минути, што за само осум стотикнки беше побрзо од остварувањето на Американецот Стив Ниман кој заврши на второто место. Трет со време 1:40.98 беше Канаѓанецот Ерик Гај.

Фил трката ја забрши на десеттото место, што му беше доволно за вкупен триумф, бидејќи неговиот единствен конкурент во борбата за малиот Кристален глобус во спуст, сонародникот Доминик Парис, се пласираше на 19-то место.

Во вкупниот пласман Фил победи со 462 бодови, 18 повеќе од Парис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП