17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите на Вардар гостуваат кај Висла

Ракометарите на Вардар гостуваат кај Висла

visla-vardar-14.03.2015-1223

Висла и Вардар, денеска ја отвораат осминафиналната фаза во ракометната Лига на шампиони. Овие два тима и минатата сезона играа во оваа фаза во шампионската лига, а двомечот го доби Вардар.

Вардар, од вчера, е во Полска одработи еден тренинг пред мечот, кој на програмата е од 18:30 часот. Тренерот Раул Гонзалес има голем проблем бидејќи Вардар против Висла ќе игра без класичен лев бек. Тројцата играчи кои Вардар ги има на оваа позиција за повредени (Деревен, Горобок, Лазаров).

„Црвено-црните“ немаат добро искуство од гостувањето во Плок, минатата сезона Висла победи 32:26, но Вардар со победата 31:20, во Скопје, се пласира во четвртфиналето.

Реваншот помеѓу двата тима е на 26-ти март во Скопје.

Останатите мечеви од осминафиналето ќе се одиграат на 19-ти март (Мотор Запорожје-Веспрем, Мешков Брест-Кјелце, Монпелје-Фленсбург, ППД Загреб-Рајн Некар) и 20-ти март (ПИК Сегед-Кил).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП