19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Јувентус го предизвикува Баерн

ЛШ: Јувентус го предизвикува Баерн

baern juve 98

Последните две екипи кои ќе играат во четврфиналето, во Лигата на шампионите, ќе бидат познати во среда, откако осминафиналните реванши ќе ги одиграат Барселона и Арсенал, односно Баерн и Јувентус.

Екипата на Барселона првиот меч во Лондон го реши со 2:0 и го направи реваншот само формалност. Барса нема пораз на последните 37 натпревари, што е шпански рекорд и трет резултат на сите времиња.

„Победата од 2:0 е добар резултат, но тоа нема да го смени нашиот пристап. Мечот и понатаму е отворен, тие секогаш се опасен противник“, рекол предводникот на Барселона, Луис Енрике.

Тајмингот за мечот со Барселона не е поволен за Арсенал, тимот се наоѓа во лоша форма, што потврди и елиминацијата од Вотфорд во ФА купот.

„Мораме да напаѓаме, а таков стил на игра нас ни одговара. Сепак клучно е да бидеме цврсти во одбраната, против волшебниците од Барселона“, изјавил менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.

Многу повеќе „оган“, се очекува во вториот дуел, кој ќе се игра во Минхен. Баерн и Јувентус на првиот меч одиграа 2:2, откако Баварците имаа 0:2 по еден час игра.

„Мора да одиграме совршено, во спротивно ќе ни биде многу тешко. Знаеме дека Баерн вообичаено го контролира натпреварот 60 до 70 отсто од времето. Штета е што имаме проблеми со повредите, но едноставно не сакам ништо да ризикувам“, рекол тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, кој според најавите тимот за овој меч ќе го составува без четворица значајни играчи: Кјелини, Маркизио, Манџукиќ и Дибала.

Алегри се надева, но не верува дека Баерн ќе го потцени неговиот тим. Баварците на последните три соочувања со италијански тимови имаат три победи на домашен терен.

„Јувентус не примил гол на последните десет напревари во Серија А, така што очекувам тежок меч. Играме против една од најдобрите екипи во Европа“, изјавил Пеп Гвардиола, тренерот на Баерн.

Слично како Алегри и Гвардиола има проблеми со повредени играчи, тој најверојатно во тимот ќе ги нема Робен, Рибери и Геце.

Последните две осминафинални средби во Барселона и Минхен ќе започнат во стандардниот термин од 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП