18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лига: Ц.ѕвезда поведе во серијата против Цедевита

АБА лига: Ц.ѕвезда поведе во серијата против Цедевита

abos

Кошаркарите на Црвена ѕвезда, по голема борба, го добија првиот меч од полуфинална серија со Цедевите во АБА лигата. Бранителот на трофејот славеше по дополнителните пет минути со 97:88, откако во регуларниот дел резултатот беше 82:82.

Драматичен и квалитетен меч одиграа Ѕвезда и Цедевита, ниту еден тим во текот на регуларниот дел немаше поголема предност од осум поени. Јовиќ погоди двојка на девет секунди до крајот за 82:82, а потоа Пулен не успеа да погоди тројка.

Во продолжението проработе шутот за три поени кај домаќинот, погодија четири тројки за пет минути и го решија победникот.

Квинси Милер го предводеше победникот со 24 поени и осум скокови, Цирбес имаше учинок од 19 поени и 11 скокови, а Кинси реализираше 16 поени.

Најдобри кај Цедевита беа Џејкоб Пулен со 24 поени и Мири Билан со 20 кошеви и седум скокови.

Првата шанса за пласман во финалето Црвена ѕвезда ќе ја има во вторник на теренот на Цедевита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП