28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИ Обединетите нации ја супендираа Шарапова

И Обединетите нации ја супендираа Шарапова

sharapka 33

Обединетите нации (ОН) ја суспендираа Марија Шарапова од функцијата „Амбасадор на добра волја“, откако руската тенисерка призна дека била позитивна допинг.

Развојната програма на ОН (УНДП), која работи на намалување на сиромаштијата и нееднаквоста меѓу луѓето, на овој начин ја прекина деветгодишната соработика со Шарапова.

„Многу сме ѝ благодарни на Марија Шарапова поради тоа што ја поддржуваше нашата работа, особено програмата со закрепнувањето на регионот по нуклеарната катастрофа во Чернобил. Сепак, како резултат на нејзиното неодамнешно обраќање во јавноста, минатата недела ја суспендиравме нејзината улога како „Амбасадор на добра волја“ и ги откажавме сите планирани активности се додека истрагата е во тек“, се наведува во соопштението на УНДП.

Откако Шарапова обелодени дека „паднала“ на допинг тестот, спонзорите започнаа да ги раскинуваат своите договор (Најк и Порше), но овој раскин на соработка дополнително ќе го наруши угледот на Русинката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП