6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАндреа Лекиќ ќе остане во ЖРК Вардар

Андреа Лекиќ ќе остане во ЖРК Вардар

lekic-andrea

Андреа Лекиќ и следната сезона ќе биде дел од тимот на Вардар. Српската интернационалка и клубот ги договорија условите за продолжување на соработката според кој најмалку до јуни 2017 година Лекиќ ќе биде дел од екипата на „црвено-црните”.

Како што објави ЖРК Вардар на својата официјална интернет страница, новиот договор е потпишан на една сезона, со можност истиот да биде продолжен за уште најмалку една.

„Со задоволство можеме да потврдиме дека и Андреа Лекиќ останува наша ракометарка в година, со што продолжи трендот на задржување на клучните и квалитетни ракометарки во тимот. Таа е важен дел од алката во нападот на Вардар и среќни сме што двете страни го потврдија задоволството од досегашната соработка. Верувам дека и Лекиќ е гладна за нови успеси, исто како што е и Вардар, и посакувам во иднина соработка да биде уште подобра и поуспешна. Убедени сме дека ќе заедно ќе имаме нови резултати на кои ќе се радуваме, изјавил за клупската интернет страница, извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски.

Лекиќ беше меѓу првите интернационалки кои дојдоа во Вардар, и како дел од тимот веќе двапати играше на Ф4 турнирот во Будимпешта, каде го освои бронзениот медал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП