13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал нуди трампа, Хамес Родригез за Еден Азар

Реал нуди трампа, Хамес Родригез за Еден Азар

azar james

Реал Мадрид наводно бил подготвен да направи трампа со Челзи во летниот преоден рок. Реал бил подготвен да го испрати во Лондон, Хамес Родригез, а од Челзи го бара Еден Азар.

Колумбискиот репрезентативец, Хамес Родригез, во Реал пристигна во 2014 година откако беше еден од најдобрите играчи на Светското првенство. Реал за неговиот трансфер на Монако му плати 80 милиони евра.

Од друга страна Азар долго време се наоѓа во плановите на челниците на Реал, а се шпекулира дека Челзи го проценува на околу 100 милиони евра.

Хамес Родригез оваа сезона има учинок од пет голови и шест асистенции во Примера, додека Азар, кој минатата сезона беше прогласен за најдобар играч во Премиерлигата, иако сезоната се ближи кон крајот се уште нема постигнато гол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП