7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООказаки со ножички го сруши Њукасл

Оказаки со ножички го сруши Њукасл

okazaki

Фудбалерите на Лестер направија уште три чекори кон освојување на шампионската титула во Премиерлигата, откако во 30.коло, славеа над Њукасл со 1:0.

Дуелот на „Кинг Пауер“, на кој на менаџерската позиција кај Њукасл дебитираше Рафа Бентиз, донесе подпросечен фудбал за премиерлигашките стандарди, а на победникот го реши Јапонецот Оказаки.

Напаѓачот на Лестер, во 25.минута, со ножички постигна прекрасен гол.

Лестер по 30 натпревари води на табелата со 63 бодови, пет повеќе од Тотенхем и 11 повеќе од Арсенал кој има и натпревар помалку. Њукасл е претпоследен на табелата со 24 бодови, еден помалку од Сандерленд кој се наоѓа во безбедната зона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП