13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лига: Брејк на Мега Лекс во Подгорица

АБА лига: Брејк на Мега Лекс во Подгорица

mega

Кошаркарите на Мега Лекс направија големо изненадување откако во првиот меч од полуфиналната серија, во Подгорица, славеа дад Будуќност со 85:81.

Крилниот играч на Мега, Раде Загорац беше нерешлива енигма за домашните играчи, тој мечот го заврши со 27 поени (6/7 за два, 3/4 за три), седум скока и четири асистенции. Кај Будуќност блескаше Американецот Џулиус Џенкинс кои постигна 26 поени (7/9 за три).

Првата меч топка за пласман во финалето Мега Лекс ќе ја има в сабота пред своите навивачи во Сремска Митровица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП