6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУ ја прифати жалбата на Евролигата против ФИБА

ЕУ ја прифати жалбата на Евролигата против ФИБА

uleb-guleb

Европската комисија (ЕК), извршниот орган на Европската унија (ЕУ), ја прифатила жалбата на Евролигата против ФИБА, дека Меѓунардоната кошаркарска федерација врши притисок врз клубовите за да се приклонат кон оваа организација.

Евролигата ја тужеше ФИБА, поради како што наведе, неприфатливите и илегалните закани од страна на ФИБА, кон клубовите, играчите и судиите, со цел тие да ги напуштат натпреварувањата кои се во организација на Евролигата, односно УЛЕБ шампионската лига и УЛЕБ Еврокупот.

„ФИБА вршела притисок врз клубовите. Нашата жалба е прифатена, иако може да помине долго време додека случајот биде решен. Во наредниот период ќе разговараме со ЕК и ФИБА“, изјавил високиот функционер на УЛЕБ Евролигата, Едвард Скот.

Челниците на најсилното европско клупско копаркарско натпреварување, порачале дека целта на жалбата е клубовите, играчите и судиите само да одлучат кон која страна ќе се приклонат, што е во согласност со законите на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП