10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлаузулата го кочи заминувањето на Банега од Севилја

Клаузулата го кочи заминувањето на Банега од Севилја

banega 3883

Фудбалерот на Севилја, Евер Банега, автоматски го продолжил договорот до наредното лето, бидејќи во тековната сезона веќе одиграл 30 натпревари за шпанскиот тим.

Аргентинецот, во неделата против Виљареал (4:2), го исполнил условот во клаузулата од договорот, според кој неговиот договор автоматски се продолжува за една година, доколку на 30 натпревари во сезоната одигра најмалку 45 минути.

Банега во изминатите неколку недели најави дека по завршувањето на сезоната ќе ја напушти Севилја, а како негова дестинација медиумумите го споменуваа милански Интер. Автомаското продолжување на договорт веројатно ќе биде пречка Банега да се пресели во Интер, бидејќи клубот од Милано сакаше да го донесе играчот во своите редови, без да плати обештетување.

Евер Банега во текот на кариерата играл за Бока Јуниорс, Валенсија, Атлетико Мадрид и Њуелс Олд Бојс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП