16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗлато за Сара Радичевска на Светскиот куп во Словенија

Злато за Сара Радичевска на Светскиот куп во Словенија

zlatna mala

Сара Радичевска освои злато, а женскиот тим во борби се закити со бронзен медал на Светскиот куп во карате кој викендов се одржа во Лашко, Словенија.

Радичевска, во категоријата до 50 килограми, со четири победи стигна до златниот медал.

Во елиминациските борби таа најнапред ја победи Пезер Зринка од Хрватска со резултат 1-0, потоа во третото коло ја победи Србинката Сузана Лучиќ со резултат 3-0,  во полуфиналната борба ја победи европската повеќекратна медалистка Австријката Бетина Планк со резултат 3-2, и во финалната борба беше поуспешна од Србинката Јелена Миливојевиќ која ја победи со 2-0 и го освои златниот медал на овој Светски куп.

Во дисциплината борби, женскиот тим во состав Симона Заборска , Наташа Стефановска, Моника Стефановска и Сара Радичевска. Женсикот тим во првото коло загуби од Украина, а откако Украинките влегоа во финалето, македонските репрезентативки во репасажот со победите над Англија, Словенија и Косово го освоија третото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП