9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФА куп: Марсијал обезбеди нов меч за Јунајтед

ФА куп: Марсијал обезбеди нов меч за Јунајтед

manco

Манчестер Јунајтед и Вест Хем ќе го повторат својот четвртфинален меч во ФА купот, откако нивното прво соочување на „Олд Трафорд“, заврши без победник 1:1 (0:0).

Гостите од Лондон стигнаа до водство со брилијантниот гол од слободен удар кој го постигна Паје во 68.минута. Марсијал на седум минути до крајот погоди за нов меч, кој ќе се игра на теренот на Вест Хем.

Јунајтед имаше многу поголем посед на топка (61%), имаше иницијатива и повеќе одари кон голот на противникот, но шансите кои ги имаше Вест Хем беа многу поконкретнии поопасни.

Претходно полуфинале во ФА купот обезбедија Кристал Палас, Евертон и Вотфорд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП