20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ во голем стил ја освои титулата во Франција

ПСЖ во голем стил ја освои титулата во Франција

psz

Фудбалерите на ПСЖ во голем стил веќе ја обезбедија четвртата последователна шампионска титула во националното првенство. ПСЖ, во неделата, во Троа славеа со 9:0 и на осум кола до крајот на сезоната стекнаа недостижни 25 бодови предност во однос на Монако.

Победата на ПСЖ од 9:0 е најуверливата во историјата на француската лига, а воедно ПСЖ го собори рекордот на Лион од сезоната 2006/2007, како тим кој најбргу ја обезбедил титулата.

Во победата на тимот од Париз, Ибрахимовиќ постигна четири гола, вкупно 27 во првенството.

ПСЖ ја освои шестата титула во клупската историја, а до крајот на сезоната избраниците на Лоран Блан ќе се обидат да ги одбранат трофеите во Купот и Лига купот и секако да направат чекор повеќе во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП