5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ: Очекувани победи на Вардар и Шкендија

ПМФЛ: Очекувани победи на Вардар и Шкендија

prva liga

Конкурентите во борбата за шампионската титула во  Првата македонска фудбалска лига, Вардар и Шкендија, како гости славеа во 22.коло. Покрај Вардар и Шкендија, бодовите во неделните натпревари, ги освоија Шкупи и Брегалница.

Вардар, во Охрид, каде Младост ги игра своите мечеви како домаќин, славеше со 3:0. Ќеран го постигна првиот гол за Вардар, во првото полувреме, а потоа во вториот дел победата на лидерот ја потврдија Николов и Хамбарџумјан.

Шкендија, во Скопје, славеше над Металург со 4:0. Два гола за Шкендија постигна Радески, во 12-та и 69-та минута, а меѓу стрелците се запишаа и Тотре и Алими.

Голот на Петковски во 47-та минута го реши победникот на дуелот помеѓу Шкупи и Силекс, додека Брегалница со головите на Наумов и Велинов славеше над Хоризонт Турново со 2:0.

ПМФЛ, 22.коло:
Шкупи-Силекс 1:0
Металург-Шкендија 0:4
Работнички-Ренова 0:0
Брегалница-Турново 2:0
Младост ЦД-Вардар 0:3

Табела: 1. Вардар 55, 2. Шкендија 50, 3. Шкупи 34. 4.Силекс 33, 5. Работнички 32, 6. Брегалница 23, 7. Ренова 22, 8. Турново 21, 9. Младост 16, Металург 13.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП