9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФА куп: Вотфорд го детронизира Арсенал

ФА куп: Вотфорд го детронизира Арсенал

votford

Фудбалерите на Вотфорд се сензационални учесници во полуфиналето на ФА купот, откако во четвртфиналето, среде Лондон, го елиминираа бранителот на трофејот Арсенал.

Екипата на Арсен Венгер, во изминатите три сезони го освојуваше трофејот во ФА купот, а како сега стојат работите Арсенал оваа сезона ќе ја заврши без трофеј, што значи дека неизвесна иднина го очекува францускиот стратег.

Вотфорд, на Емирати стадионот, одигра тактички одличен меч, откако ги издржа почетните десет минути, во кои Арсенал притисна но без да создаде конкретна шанса за гол, ја стабилизира својата игра и од контранападите, најчесто преку Игало сериозно се закануваше кон голот на Оспина.

Таквиот пристап на Вотфорд му донесе најпрвин водство во 50.минута, кога Игало го надмудри директниот чувар Габриел Паулиста и постигна гол, а 13 минути потоа Алжирецот Гедуирапостигна еден од најубавите голови во сезоната за 0:2.

Арсенал, во чии редови потфрлија главните играчи Езил и Алексис Санчез, почесниот гол го постигна преку Велбек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП