6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБундеслига: Херта се зацвртси на третото место

Бундеслига: Херта се зацвртси на третото место

herta 33

Херта славеше над Шалке со 2:0, во дуелот на тимовите кои се борат за третото место во Бундеслигата. Воведниот меч од 26.коло, во Бундеслигата, го решија Ибишевиќ и Штарк.

Осум кола ја делат Херта од директен пласман во Лигата на шампионите, каде последен пат играла пред нешто повеќе од една деценија. На осум кола до крајот на германскиот шампионат Херта има предност од четири бода во однос на Шалке, односно пет над Мајнц и шест над Менхенгладбах, тимови кои имаат и натпревар помалку.

Боснанскиот репрезентативец Ибишевиќ погоди во финишот на првото полувреме, а конечниот резултат го постави Штарк во вториот дел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП