6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИзвлечени групите за кошаркарскиот турнир на ОИ

Извлечени групите за кошаркарскиот турнир на ОИ

кошаркос

Куќата на кошарката во швајцарскиот град Меис, беше местото каде беа извлечени групите за кошаркарскиот турнир кој ќе се игра на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Апсолутен фаворит на олимпскиот турнир ќе биде селекцијата на САД, која како стојат работите во Рио ќе настапи со најсилниот можен состав.

Конечниот состав на групите ќе биде познат по одигрувањето на трите квалификациски турнири, во Белград, Манила и Торино, но извесно е дека Србија доколку го освои турнирот на кој ќе биде домаќин ќе оди во групата А, бидејќи во Б групата веќе има четири европски селекции.

ФИБА победниците на квалификациските турнири ќе ги распореди во групите во зависност од квалитетот и георгафската положба.

Група А: САД, квалификант 1, Венецуела, Австралија, квалификант 2, Кина

Група Б: Аргентина, Шпанија, Бразил, Литванија, квалификант 3, Нигерија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП