15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДебакл на ракометарките во Марибор

Дебакл на ракометарките во Марибор

мак-рак-дебакл-сло

Македонските ракометарки претрпеа катастрофален пораз на гостувањето во Словенија 35:17 (18:8), во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство.

Словенија, во Марибор, против подмладената македонска селекција, одигра квалитетно нецели 20 минути кога стекнаа предност од 14 голови (18:4). Веројатно импресионирани од противничките, со многу технички грешки, избраничките на Симе Симевски, никако не можеа да заиграат подобро во серија, иако на почетокот од вториот дел ја спуштија разликата под десет гола (20:11).

Словенките потоа рутински го одработија натпреварот, забележаа убедлив триумф, кој им ги донесе првите бодови во групата, во која уште се Црна Гора и Хрватска.

Можност да го поправат впечатокот, македонските ракометарки ќе имаат в сабота, кога во Скопје ќе гостува Словенија.

Керемичиева и Садовска со пет односно три гола беа најефикасни во македонската репрезентација, додека Словенија ја предводеше ракометарката на Вардар, Лазовиќ која постигна шест голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП