19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ со конкретна понуда за Пјаниќ

ПСЖ со конкретна понуда за Пјаниќ

pjanic raga 33

ПСЖ има желба во летниот преоден рок да го реализира трансферот на Миралем Пјаниќ. Францускиот шампион испратил понуда до Рома, чие раководство во средата објави дека е ставено вето за евентуалните трансфери на Пјаниќ и Раџа Наинголан.

Миралем Пјаниќ е интересен за неколку врвни европски тимови, а ПСЖ е првиот кој испратил конкретна понуда за неговите услуги. ПСЖ на Рома ѝ ги понудил Лукас Дињ, кој веќе настапува за Рома како позајмен играч и 20-годишниот Адријан Рабио, плус 15 милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека целта на ПСЖ играта на тимот во наредната сезона да ја контролираат Марко Верати и Миралем Пјаниќ.

Пјаниќ кој има договор со Рома до 2018 година, во минатото играше во францускиот шампионат, во Мец и Олимпик Лион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП