30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради долгови си замина претседателот на Валенсија

Поради долгови си замина претседателот на Валенсија

Manuel-Llorente-050403

Претседателот на фудбалскиот клуб Валенсија, Мануел Лјоренте поднесе оставка на оваа функција, а како причина за тоа ја наведува финансиската криза во клубот. Лјоренте на прес конференција соопшти дека си заминува од функцијата и дека очекува шпанскиот прволигаш да влезе во нова ера.

„Ова е тежок ден за мене затоа што последните четири години беа премногу напнати. Се вложив во овој клуб и навистина е многу тешко да бидам тука со вас и со 550 милиони евра долг“, изјавил Лјоренте.

Оставката на претседателот беше прифатена од Фредерико Варона кој е главен финансиер во клубот, а во наредниот период ќе биде познато дали токму Варона ќе седне на челото на Валенсија.

Лјоренте во 2009-та ја презема Валенсија која и тогаш се наоѓаше во големи долгови, сепак тој се обидуваше да ги намали со продажбата на талентирани играчи од сезона во сезона.

И покрај продажбата на денес големите ѕвезди, Давид Вилја, Жорди Алба и Хуан Мата, долговите не се намалуваа. Валенсија и покрај продажбата на клучните фудбалери во последните три сезони го завршуваше првенството во Шпанија на третото место, додека оваа сезона го завзема шестото место со 46 бодови или два помалку од четвртопласираниот Реал Сосиедад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП