15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФуриозен финиш на Бенфика за пласман во четвртфиналето

Фуриозен финиш на Бенфика за пласман во четвртфиналето

бенфо

Фудбалерите на Бенфика се пласираа во четврфиналето на Лигата на шампионите, откако во осминафиналниот двомеч беа поуспешни од Зенит. Бенфика првиот меч го доби со 1:0, а успеа да слави со 2:1 и во реваншот кој се одигра на „Петроввски“ стадионот во Санкт Петербург.

Рускиот тим прв постигна гол на овој меч и ја анулира предноста на противникот. Жирков во 69. минута одлично нафрли, а Хулк со глава постигна гол. На голот му претходеше фаул кој асистентот Жирков го направи врз Самедо.

Десетина минути подоцна напаѓачот на Зенит, Дзјуба пропушти сто отстотна шанса за зголемување на водството.

Казната за промашувањето на Дзјуба, Зенит го стигна во 85. минута, кога Раул Хименез биеше од 30 метри, голманот Лодигин го одбрани ударот, но на одбиената топка налета Гаитан, кој од непосредна близина ја смести во празната мрежа.

Победата на Бенфика ја завери Талиска во 96.минута.

Бенфика им се придружи на Реал и Волфсбург кои во вторникот обезбедија пласман во четвртфиналето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП