8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуни одбил 100 милиони евра од Шангај

Руни одбил 100 милиони евра од Шангај

vejn runi 333

Вејн Руни во јануарскиот преоден рок одбил понуда од Кина, а колумнистот на Daily Mail, Пирс Морган, тврди дека се работи за бројка со девет цифри! Шангај, кој од клупата го предводи поранешниот англиски селектор Свен Ериксон, на Руни, со платен данок за тригодишен договор, му понудил 100 милиони евра, но напаѓачот ја одбил понудата.

„Телефонот ми ѕвонеше во 11 часот навечер, на линија беше капитенот на Англија Вејн Руни. Сакаше да разговараме за неговата иднина во Манчестер Јунајтед и за плановите во летниот пeриод. Го прашав за неверојатната понуда од Кина, тој ми рече дека сé што сум слушнал е вистина. Кога го прашав за колкава сума пари се работи, тој само се насмеа. Откри дека се работи за тригодишен договор и дека со платен данок се работи за сума со осум нули!“, напишал Морган.

Новинарот верува дека Руни ќе остане во Манчестер Јунајтед барем уште една сезона, а можеби и две. Тој во Јунјатед годишно заработува 17,5 милиони евра.

Руни поради повреда веќе шест натпревари не конкурира за место во тимот, а во тимот треба да се врати на почетокот од наредниот месец. Во меѓувреме тој ќе ги пропушти двете средби со Ливерпул, во осминафиналето во Лига Европа, дуелот со Вест Хем во ФА купот, градското дерби со Сити во Премиерлигата и контролните натпревари кои Англија ќе ги одигра против Германија и Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП