21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуските атлетичари нема да настапат на ОИ?

Руските атлетичари нема да настапат на ОИ?

atleti;aros

Руските атлетичари со голема веројатност нема да настапат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, бидејќи WADA и IAAF не сакале да ја загрозат својата репутација.

IAAF, во ноември, по иницијативата на Светската антидопинг агенција (WADA), поради наводен „систематски допинг“ и „вкоренета кулура на измама“, ги суспендира руските атлетичари.

„Мислам дека Русите нема да можат да настапат во Рио. WADA и IAAF не сакаат да ја загрозат својата репутација со промената на оваа одлука“, рекол претседателот на независниот комитет на WADA, Ричард Паунд.

WADA, на почетокот на ноември минатата година објави извештај во кој се тврди дека руските атлетичари и функционери се вмешани во употребата на допинг сретства, забошотување дека допинг се користи и за попречување на допинг контролата.

Нов допинг скандал ја потресе Русија, во понеделникот, кога тенисерката Марија Шарапова призна дека „паднала“ на допинг тестот, односно дека за време на Австралија Опен била позитивна на забранетиот лек мелдониум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП