3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: ПСЖ и Бенфика бранат минимална предност

ЛШ: ПСЖ и Бенфика бранат минимална предност

psg celzi pp

Уште два тима кои ќе играат во четвртфиналето во Лигата на шампионите, ќе бидат денеска познати, кога осминафиналните реванши ќе ги одиграат Челзи и ПСЖ, односно Зенит и Бенфика.

Сѐ уште актуелниот англиски првак, Челзи, дуелот со ПСЖ ќе го започен со негатива од еден гол. Пред три недели во Париз, ПСЖ, славеше со 2:1, а Челзи има желба да му се реваншира на тимот на Лоран Блан за минатосезонската елиминација во нокаут фазата.

„ПСЖ е фаворит, иако ние по серијата добри резултати ја вративме самодовербата. Имаме квалитет, но мораме да бидеме сконцентрирани и агресивни“, рече менаџерот на Челзи, Гус Хидинк.

Инаку, Челзи пред две сезони против ПСЖ, во истата оваа фаза во ЛШ успеа да надомести минус од два гола.

Неизвесност се очекува и на мечот кој ќе се одигра на „Петровски“ стадионот во Санкт Петербург помеѓу Зенит и Бенфика.

Португалскиот тим реваншот ќе го започне со резултат 1:0. Бенфика, против Зенит ќе настапи без речиси целата дефанзивна линија, бидејќи поради повреди и суспензии мечот ќе го пропуштат Лисандро Лопез, Жардел, Луизао и голманот Жулио Цезар.

Тренерот на Зенит, Андре Вилас Боаш е сигурен дека неговиот тим ќе ја надополи негативата и дека Зенит прв пат во клупската историја ќе се пласира меѓу најдобрите осум во Европа.

Натпреварот во Санкт Петербург ќе започне во 18 часот, додека дуелот во Лондон ќе стартува во терминот од 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП