24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНико Ковач нов тренер на Ајнтрахт

Нико Ковач нов тренер на Ајнтрахт

niko kovac 998

Два дена откако му врачи отказ на тренерот Армин Ве, раководството на бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт за нов шеф на стручниот штаб го назначи Нико Ковач. Поранешниот хрватски селектор, заедно со својот брат Роберт, потпишале договор до јуни 2017 година.

Примарна цел на Нико Ковач и неговиот брат ќе биде Ајнтрахт да избори опстанок во Бундеслигата. Во моментов тимот од Франкфурт е оддалечен само два бода од опасната зона, и со 24 бодови се наоѓа на 16-то место на табелата.

Ајнтрахт се наоѓа во голема криза бидејќи нема победа на последните седум натпревари. Последен пат Ајнтрахт победил на 21.јануари, против Волфсбург 3:2.

„Ковач под итно мора да го мобилизира тимот да опстанеме во Бундеслигата. Уверени сме дека ќе ја оствариме целта“, рекол претседателот на клубот Херберт Брухаген.

Ковач дебито ќе го има на 12.март, кога Ајнтрахт ќе и гостува на Борусија во Менхенгладбах.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП