18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООбрван го објави поширокиот список за турнирот во Гдањск

Обрван го објави поширокиот список за турнирот во Гдањск

mkd stoilov ee

Ивица Обрван, селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, го објави поширокиот список на играчи, на кои смета за настап на олимписките квалификации во Гдањск, Полска.

Македонските ракометари, во конкуренција на Полска, Чиле и Тунис, од 8-ми до 10-ти април ќе се обидат да остварат историски резултат и да станат првата македонска селекција која обезбедила пласман на Олимписки игри.

Терминот за стартот на подготвките селекторот Обрван дополнително ќе го објави.

Список на ракометари за квалификацискиот турнир во Гдањск:

Борко Ристовски, Даниел Дупјачанец, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Бојан Маџовски, Мартин Велковски, Никола Крстески, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Стојанче Стоилов, Филип Лазаров, Аце Јоновски, Филип Миркуловски, Наумче Мојсовски, Горан Кузмановски, Горан Крстевски, Немања Прибак, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Филип Кузмановски, Дејан Пецаковски, Велко Маркоски, Милорад Кукоски и Дарко Димитриевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП