2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОNike го раскина договорот со Шарапова

Nike го раскина договорот со Шарапова

sarapka 00

Спонзорите почнаа да и го вртат грбот на Марија Шарапова, која во понеделникот, ја шокира светската јавност, со објавата дека била позитивна на допинг тестот кој и бил направен за време на овогодишниот Австралија Опен.

Светската антидопинг агенција експресно реагираше, веднаш ја суспендира руската тенисерка и таа официјално од 12-ти март нема право да настапува на турнирите, сѐ додека целиот случај не биде затворен.

Првите проценки се дека Шарапова би можела да добие двегодишна суспензија, што веројатно ќе значи неславен крај на нејзината кариера.

„Пред неколку денови ја добив информацијата за мојот позитивен допинг тест. Знам дека ќе ги сносам последиците за она што го направив, не сакам кариерата да ја завршам на ваков начин, се надевам дека ќе добијам шанса повторно да заиграм“, рече Шарапова на прес конференцијата во понеделникот.

Покрај Светската антидопинг агенција експресно регираа и од компанијата „Nike“, раскинувајќи го договорот со руската тенисерка.

Од познатата компанија за производство на спортска опрема порачале дека се „изненадени и разочарани“, но и дека внимателно ќе го следат случајот.

Шарапова, уште како 11-годишна тенисерка соработувала со „Nike“, а во 2010 година таа со овој светски бренд потпиша осмогодишен договор вреден 70 милиони долари.

Пред две години, автомобилскиот бренд „Porsche“, ја прогласи Шарапова за прво заштитно женско лице.

Марија Шарапова на допинг тестот „паднала“ на лекот мелдониум, кој до оваа година се наоѓаше на листата на недозволени супстанци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП