18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарија Шарапова позитивна на допинг

Марија Шарапова позитивна на допинг

msmug.jpg.size.xxlarge.letterbox

Руската тенисерка Марија Шарапова на прес конференција објави дека била позитивна на допинг тестот кој и бил направен на овогодишното издание на Австралијан Опен. Набргу се огласи и Светската анти допинг агенција (WADA), која информира дека суспензијата на Шарапова започнува од 12.март, без да прецизира колку долго ќе трае.

„Пред неколку денови ја добив информацијата за мојот позитивен допинг тест. Знам дека ќе ги сносам последиците за она што го направив, не сакам кариерата да ја завршам на ваков начин, се надевам дека ќе добијам шанса повторно да заиграм“, рекла Шарапова.

„Медикаментот мелдонијум започнав да го користам додека тој беше на листата на дозволени супстанци, а во меѓувреме не добив информација дека правилата се сменети во 2016 година и дека лекот повеќе не е на листата на дозволени супстанци. Сама ја носам одговорноста за оваа моја постапка. Писмото од WADA го добив на 22.декември и не ја прочитав новата листа на забранети супсатнци. Мелдониум прв пат корстев во 2006 година, бидејќи често бев болна. Имав недостиг на магнезијум во организмот, а се појавија и знаци на дијабетес“.

Мелдониумот го произведува компанија во Летонија, се употребува во Литванија и Русија, а во САД е забранет. Овој лек се користи за исхемиски болести на срцето, односно кај ангина пекторис и овозможува подобар проток на кислород низ клетките и ги шири крвните садови. Оние кои го употребуваат имаат поголема издржливост при зголемени физички напори.

Русинката не играше тенис од јануари кога загуби од Серена Вилијамс во четвртфиналето на Австралија Опен.

Шарапова во моментов е седма на ВТА листата. Поранешната прва тенисерка на ВТА листата во кариерата има освоено 35 титули во сингл, од кои пет се на Грен слем турнирите. Два пати, Шарапова, го освојувала Ролан Гарос, а по еднаш Вимблдон, Австралија Опен и УС Опен.

Во кариерата има одиграно 733 мечеви, победила на 80 отсто од мечевите и заработила 36 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП