10 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома не ги дава Пјаниќ и Наинголан

Рома не ги дава Пјаниќ и Наинголан

pjanic raga 33

Рома ставила вето на продажбата на своите клучни играчи во средниот ред, Миралем Пјаниќ и Раџа Наинголан. Според шпекулациите за услугите на Пјаниќ и Наинголан се зинтересирани неколку тимови од Премиерлигата (Челзи и Манчестер Јунајтед), но раководството на Рома нема намера да се откаже од нивните услуги.

Новиот тренер на Рома, Лучано Спалети смета дека Босанецот и Белгиецот се клучни играчи во тимот, а покрај овие двајца во преодниот рок тој нема намера да ги продава Мохамед Салах и Костас Манолас.

Сепак, наредниот преоден рок ќе биде интересен за Рома, бидејќи се планира реновирање на тимот. Рома сигурно ќе ги продава Љајиќ, Думбија и Итурбе (тројцата се веќе отстапени на други тимови), односно Јаго Фалке, Вилијам Ваинкер, Војчех Счесни и Лукас Диње.

Исто така дозвола да го напуштат тимот ќе добијат и неколкумина млади играчи: Леандро Паредес, Федерико Ричи, Данијеле Верде, Матео Политано, Арторо Калабрези и Умар Садик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП