27 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола со 100 милиони евра ќе ја реконструира одбраната на Сити

Гвардиола со 100 милиони евра ќе ја реконструира одбраната на Сити

gvardi zelbi

Пеп Гвардиола, кој по завршувањето на сезоната ќе го преземе Манчестер Сити, според англиските медиуми за засилувања ќе добие околу 200 милиони евра, а најверојатно прво ќе прави целосна реконструкција на дефанзивната линија во тимот.

Наголемо се шпекулира дека Гвардиола е подготвен да потроши околу 100 милиони евра за нови дефанзивци, а први на неговата листа се Џон Стоунс и Ајмерик Лапорт.

Играчот на Евертон, Стоунс е најталентираниот англиски фудбалер, а неговиот тим во летниот преоден рок три пати ги одбиваше понудите на Челзи. Последната понуда која Челзи ја испрати за дефанзивецот изнесуваше околу 40 милиони евра.

Лапорт е 21-годишен француски фудбалер кој го носи дресот на Атлетик Билбао, неговата цена не е пониска од 30 милиони евра, а наводно за неговите услуги е заинтересирана и Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП