21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСЕХА: Повреди го мачат Вардар пред мечот со Веспрем

СЕХА: Повреди го мачат Вардар пред мечот со Веспрем

raul-maul

Откако успешнo ја завршија мисијата во Лигата на шампионите и со три победи (Кристијанштад, ПИК Сегед, Монпелје) ја остварија целта и го освоија третото место во групата, ракометарите на Вардар растоварени од сите грижи ќе го пречекаат Веспрем во претпоследниот натпревар во СЕХА лигата.

Во вторник во Скопје, во СЕХА дербито ќе играат на Вардар ќе му гостува лидерот на табелата и бранител на титулата Веспрем. Мечот во регионалната лига, според сите прогнози треба да биде увертира за пресметката на овие два тима во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

„Можеме овој натпревар да го одиграме без никаков притисок и навистина да уживаме во него. Изминатиот месец поради настапите во Лигата на шампионите бевме под силен притисок, но успеавме да ја оствариме целта. Веспрем е одлична екипа, со многу добри играчи Палмарсон, Наѓ, Илиќ…Ќе биде интересен натпревар“, рече тренерот на Вардар Раул Гонзалес.

Шпанскиот стратег се соочува со проблеми во ростерот пред мечот со Унгарците, засега е сигурно дека поради повреди овој натпревар ќе го пропуштат голманот Штербик и левиот бег Горбок.

Натпреварот помеѓу Вардар и Веспрем, во вторник, ќе започне во 17:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП