14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДушебаев во тимот на колото

Душебаев во тимот на колото

aleks 33

Десниот бек на Вардар, Алекс Душебаев, со играта која ја пружи на натпреварот против Монпелје, заслужи место во идеалниот тим на 14.коло, во Лигата на шампионите.

Вардар во последното коло славеше над Монпелје со 34:26, а Душебаев го предводеше тимот со седум постигнати голови и само едно промашување.

Македонскиот шампион фазата по групи ја заврши на третото место во Б групата и во осминафиналето ќе игра против Висла.

Покрај Душебаев во идеалниот тим на 14.коло се најдоа уште голманот на Барселона Де Варгас, десното крило на Веспрем Гаспер Маргуч, пикерот на Скјерн Бјарте Мирхол, средниот бек на Мотор Запорожје Барис Пуховски, левиот бек на ПСЖ Даниел Нарсис и левото крило на Кил Доминик Клајн.

Осминафиналната фаза во Лигата на шампионите ќе започне на 16.март

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП