17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Вардар против Висла во осминафиналето

ЛШ: Вардар против Висла во осминафиналето

vardaros

Во неделата заврши фазата по групи во ракометната Лига на шампиони. Македонскиот првак Вардар, во Б групата, оствари девет победи и пет порази и го освои третото место кое во осминафиналето за противник му го донесе полскиот тим Висла.

Во осминафиналето, слободни ќе бидат ПСЖ и Барселона, тимови кои ги освоија првите места во своите групи, додека тимовите кои се пласираа од второто до шестото место, како и победниците од мечевите во кои играа најдобрите два тима од ‘послабите’ групи Ц и Д.

Вардар првиот осминафинален меч ќе го игра на гостински терен, а ќе биде домаќин во реваншот. Доколку Вардар мине во четвртфиналето, проектиран противник за пласман на завршниот турнир веојатно ќе му биде Веспрем, кој е голем фаворит во осминафиналето против Мотор Запорожје.

Првите осминафинални натпревари ќе се играат во периодот од 16. до 20.март, а реваншите во периодот од 23. до 27.март.

Осминафинални двојки:

Мотор Запорожје-Веспрем

Висла-Вардар

Мешков Брест-Кјелце

Монпелје-Фленсбург

ПИК Сегед-Кил

ППД Загреб-Рајн Некар

Двојки за четвртфинале:

Висла/Вардар-Мотор/Веспрем

ПИК Сегед/Кил-Барселона

ППДЗагреб/Рајн Некар-ПСЖ

Монпелје/Фленсбург-Мешков Брест/Кјелце.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП