19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДебакал на МЗТ за крај на сезоната во АБА лигата

Дебакал на МЗТ за крај на сезоната во АБА лигата

mzt-aba

Вистинска катастрофа доживеа тимот на МЗТ Скопје во последниот сезонски натпревар во АБА лигата. Македонскиот шампион во Загреб загуби од Цедевита 89:64.

МЗТ против Цедевита играше неполни осум минути кога заостануваше четири поени зад Цедевита (14:10). Цедевите потоа во финишот на првата и почетокот на втората четвртина направи серија 16:0 со што ги реши сите дилеми околу победникот.

Дреновац со 21 поен беше најефикасен кај МЗТ, додека Вокер и Билан (11 поени во првата четвртина) постигнаа по 16 поени за Цедевита.

МЗТ сезоната 2015/2016, во АБА лигата ја заврши со 10 победи и 16 порази, додека Цедевита ќе разигрува за шампионската титула. Скор 19-7.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП