29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед загуби, подарок победа за Ливерпул

Јунајтед загуби, подарок победа за Ливерпул

jun

Манчестер Јунајтед загуби од ВБА, а Ливерпул славеше над Кристал Палас, во натпреварите со кои е комплетирано 29.коло во Премиерлигата. Островските медиуми од овие две средби го потенцираат лошото издание на Јунајтед и контроверзниот пенал во 95.минута со кој Ливерпул славеше над Кристал Палас.

ВБА во прилично неинтересен меч славеше над Манчестер Јунајтед со голот на Рондон во 66.минута. Големо влијание врз резултатот имаше исклучувањето на Хуан Мата, кој во периодот од 23. До 26.минута доби два жолти картони.

Црвениот картон кој го доби против ВБА е прв за Шпанецот во неговата кариера.

Кристал Палас имаше предност над Ливерпул од 1:0 и играч повеќе но не успеа да освои нути еден бод.

Ледли му донес еводство на Кристал Палас по еден час игра, а недолго потоа Милнер мораше надвор поради вториот жолт картон. Израмни Фирмино во 73.минута, тој искористи голема грешка на голманот на Палас, Мекарти.

Ливерпул, во 88.минута имаше голема шанса, но ударот на Морено заврши во дирекот. Во 95.минута, Дилејни и Бентеке беа во дуел, напаѓачот на Ливерпул сам падна во шеснаесетникот, но судијата Маринер покажа на белата точка.

Бентеке го изведе пеналот и му донесе значајна победа на Ливерпул во борбата за пласман во Лига Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП