Навивачите на фудбалскиот клуб Национал на средбата од Копа Либертадорес против мексиканскиот Толукан на трибините на својот стадион Центрарио де Монтевидео го развиорија најголемото знаме во светот.
Знамето со должина од 600 метри и ширина од 50 метри или вкупно 30.000 м2 покри најмалку три трибини од стадионот, a беше направено со клупските бои на Национал,сина, бела и црвена боја.
Оваа изработка ја финансирале 5.000 навивачи чии имиња се напишани на знамето, а за да успеат да го направат овој проект тие потрошиле 70.000 долари.
Симпатизерите на Национал се одлучиле да го направат ова знаме се со цел да одговорат на провокацијата од навивачите на нивниот најлут ривал Пенерола кои пред две години изработија знаме од 15.000 м2.