15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛилард броеше до 50, Дерозан погоди 24 слободни

Лилард броеше до 50, Дерозан погоди 24 слободни

damian-lillard-trail-blazers-raptors-50-points

Десет натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу петокот и саботата, а најмногу возбудувања понуди натпреварот помеѓу Торонто и Портланд.

Демијан Лилард уште еднаш ја потврди високата класа, но иако постигна 50 поени, неговиот Портланд загуби со 117:115. Демар Дерозан го предводеше Торонто со 38 поени, а постави и нов рекорд во лигата, со 24 погодени слободни фрлања во низа. Одличен меч за Торонто одигра и Кајл Лаури кои реализираше 24 поени.

Кливленд без Кевин Лав, запиша лесна победа над Вашингтон (108:83). Леброн Џејмс имаше учинок од 19 поени, 13 скокови и седум аистенции.

Коби Брајант не настапи на мечот со Атланта, во кој Лејкерси претрпеа тежок пораз (106:77).

Хасан Вајтсајд имаше учинок од 19 поени и исто толку скокови го предводеше Мајами до победата над Филаделфија (112:102).

Феникс славеше во Орландо 102:84 и ја прекина низата од 17 порази на гостински терен. Шарлот ја победи Индијана (108:101), Милвоки славеше против Минесота 106:101, Мемфис ја надигра Јута 94:88, Бостон минимално славеше над Њујорк (105:104), а Денвер по едно продолжение загуби од Бруклин (120:121).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП