27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИџе ќе вози во Европскиот шампионат на кружни патеки

Иџе ќе вози во Европскиот шампионат на кружни патеки

idze-2-615x400

Игор Стефановски-Иџе, кој две години доминантно ја освојуваше титулата во Европскиот шампионат на ридски патеки, ќе направи чекор напред во својата кариера и оваа сезона ќе се натпреварува во Европскиот шампионат на кружни патеки (ETCC).

Специјализираниот портал за автомобилизам „brzkrug.com“, објави дека Иџе договорил соработка со словенечкиот тим Лема Рејсинг, чии бои ќе ги брани во наредната сезона.

Сезоната во ETCC започнува во април, а првата трка е на патеката Пол Рикард во Фрнација. Трките од Европското првенство на кружни патеки ги пренесува спортскиот канал Eurosport.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП