19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНишто од пласман во повисок ранг, тенисерите загубија од Ирска

Ништо од пласман во повисок ранг, тенисерите загубија од Ирска

teniseri

Девис куп репрезентацијата на Македонија не успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот од третата Европска зона, кој се одржува во Талин, Естонија. По максималните победи, во првите два дена, над Ерменија и Албанија, македонските тенисери во решавачкиот меч за првото место во групата загубија од Ирска со 1:2.

Двобојот против Ирска, добро започна за македонските тенисери, откако Димитар Грабул, во три сета, славеше над Бјорн Томпсон. Грабул го загуби првиот сет со 3:6, но потоа со ист резултат ги доби наредните два сета и на Македонија и го донесе првиот поен.

Ирска израмни во вториот сингл меч, најдобриот ирски играч Сем Бери (353 на АТП листата), во два сета славеше над Томислав Јотовски. Ирецот против Јотовски двата сета ги доби со резултат 6:3.

За патникот во полуфиналето решаваше мечот во двојки, во кој ирската комбинација Сем Бери и Дејвид О’Хара славеше со 6:3, 6:2 над Димитар Грабул и Томислав Јотовски.

Македонија на турнирот во Талин ќе разигрува за пласман од петтото до осмото место, додека Ирска во полуфиналето ќе игра против Кипар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП