20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрк го менува Инфантино во УЕФА

Грк го менува Инфантино во УЕФА

grk-mrk

Европската фудбалска унија (УЕФА), потврди дека Теодор Теодорис ќе го замени Џани Инфантино и ќе биде вршител на должноста генерален секретар на оваа организација.

Инфантино, минатиот петок, беше избран за претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), поради што УЕФА експресно назначи негов заменик.

Теодорис претходно беше првиот заменик на Инфантино, а функцијата ќе ја обавува се до изборите во УЕФА, кои дополнително ќе бидат закажани.

Избори во УЕФА мора да има што поскоро, бидејќи организацијата е без претседател откако поради коруптивен скандал, првиот човек Мишел Платини, доби шестгодишна забрана за работа во фудбалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП